Како настанал шахот?
з наете ли дека според некои докази, игра слична на шахот се играла уште пред 5000 години? Шахот е спортска стратешка игра за двајца играчи. Се нарекува уште и “Кралска игра” и веројатно е една од најстарите игри за кои се знае дека постоеле. Познато е дека името на играта потекнува од персискиот збор шах , што во превод би значело “крал”, “владетел”. Изразот шах-мат исто така води потекло од персискиот јазик и во буквален превод значи “кралот е мртов” . Меѓутоа, дали баш Персијците го измислиле шахот, тоа никој со сигурност не го знае. Всушност пронаоѓањето на шахот е припишувано во различни времиња на различни народи. Грците, Римјаните, Вавилонците, Египќаните, Евреите, Персијците, Кинезите, Хиндусите, Арапите, сите тие во одреден временски период биле поврзувани со настанувањето на оваа игра. Според една теорија, се смета дека шахот се родил меѓу будистите во Индија . Согласно будистичките сваќања,...